ЗА ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Пежо, Ситроен и ДС ја објавија вистинската потрошувачка на гориво

објавено: 7 март 2016 - 11:30

По избивањето на скандалот „Дизелгејт" многу автомобилски производители се обидуваат да фатат подобри позиции на пазарот, особено во однос на Фолксваген. Сите изнаоѓаат начини како да ја зголемат продажбата, а последниве неколку месеци пораснала продажбата на Пежо, Ситроен, Опел и Форд. Сега Французите одат и чекор понапред, па ги објавуваат „вистинските" податоци за потрошувачката на горивото на своите модели.

Досега потрошувачката се мереше во лабораториски услови, според НЕДЦ стандардите, во посебно контролирани услови. Но, обично овие резултати се разликуваат од потрошувачката во реални услови, па затоа и има отстапувања.

Токму поради поголема транспарентност, групација ПСА во согласност со новиот протокол за мерење на потрошувачката развиен во соработка со НГО тестираше три свои модели. Новот тест го вклучува тестирањето на возило 22,5 киломтери во град, 39,7 км на отворен пат и 31,1 км. на автопат. Исто така во предвид се зема и мерењето со користење на клима уред, маса на багаж и слично.

Резултатите што ПСА ги добила, така не се разликуваат премногу во однос на резултатите кои ги пријавуваат корисниците. Така моделот peugeot 308 1,6 BlueHDi 120 S&S BVM6 Allure по новото мерење троши 5 литри на минати 100 км. Корисниците досега пријавуваа потрошувачка од 5,1 литар. Но, резултатите значително се разликуваат во однос на поранешните мерења. Според НЕДЦ, овојмодел троши 4,3 литра во град, 3,2 литра на отворено и 3,6 литри на автопат.

Слично е и со моделите Citrone C4 Grand Picasso 1,6 BlueHDi 120 S&S BVM6 Exclusive, како и DS 3 1,6l BlueHDI 120 S&S BVM6 So Chic кои истотака имаа нешто повисока потрошувачка во однос на мерењата според НЕДЦ системот.

Најново во Автомобили