СЕ ПРОШИРУВА ПОНУДАТА

Опел планира нов голем СУВ пред крајот на оваа декада

објавено: 7 март 2016 - 13:45

Европскиот оддел на ЏМ, сака да ја прошири понудата на модели на Опел, и да ја замени веќе „застарената" Antara. Дел од новиот „Х" модел веќе дебитираше на саемот во Женева, со Mokka X субкомпактниот кросовер, а новиот лидер во СУВ сегментот веќе беше најавен од страна на шефовите.

Карл Томах Нојман за магазинот „АутоЕкспрес" веќе најави дека нивната најголема слабост е што немаат голем СУВ. Тие во моментов ја имаат Mokka, која е многу успешна, но сакаат уште во тој сегмент.
Според извештаите новиот СУВ на Опел би требало да почне да се продава пред крајот на 2020 година, но Нојман вели дека истиот може да се појави и во следните две години.

Новиот СУВ би бил на платформата на Insignia, и следните години ќе се збогати понудата во тој сегмент. Во меѓувреме компанијата продолжува со развојот на новата генерацја на Isignia, и возилото ќе има мешани елементи од најновите модели и ќе биде на новата E2xx платформа на ЏМ. Целосно нова внатрешност ќе понуди да се разликува многу од досегашниот модел, и ќе има и нови мотори и нов 8 степен автоматски менувач

Најново во Автомобили