Французите се подготвуваат за враќање на старите патеки

Новиот Renault Megane доаѓа во 2016

Според сегашните информации, новиот Megane ќе има спортски изглед и слични дизајнерски решенија како и кај моделите Clio и Captur, а со предниот дел ќе доминира елегантна маска и големо лого.

објавено: 6 март 2014 - 20:29

Конкуренцијата си го прави своето, па Renault Megane полека заостанува во однос на се поголемиот број на нови модели што се појавуваат на пазарот. Сепак француската компанија се надева дека може да смета на враќање на старата слава и тоа веќе од 2016 година за кога е најавено промовирање на новиот модел.

Новиот дизајнерски изглед ќе се оддалечи од втората генерација, но ќе се задржи нискиот покрив. Централно место во кабината ќе зазема екран со дијагонала од 22 см. Што ќе служи за приказ на сите моментни информации, како и за местење на внатрешните функции во кабината.

Најново во Автомобили