ПОПУЛАРНИОТ СУВ СО СИСТЕМ КОЈ ЌЕ ДОНЕСЕ НОВА МОЖНОСТ

Нисан кашкаи од следната година без возач

објавено: 12 март 2016 - 17:35

Јапонски Нисан кој е дел од алијанската со европски Рено, планира од следната година да вградува систем кој ќе му овозможи на моделот qashqai полуавтономно возење. Ова е особено важно за моделот кој е многу популарен, но според цената далеку зад поскапите модел кои имаат ваков или сличен систем за полуавтономно возење, како што се volvo XC90, S90, Tesla model S, Infiniti Q60, Mercedes Benz E class.

Системот ќе му овозможи на qashqai да патува по едната лента на автопат дури и во текот на неповолни временски услови како што е силен дожд или слично.
Системот Piloted Drive 1,0 наскоро би требало да биде вградуван и во другите возила. Во текот на следните години компанијата планира значително да го усоврши и унапреди системот кој ќе биде во состојба сам да ја менува лентата на автопат и да се избегне сообраќајна несреќа.

До крајот на декадава се сака да се развие систем кој ќе може да функционира и во градовите.

Најново во Автомобили