КОРЕЈЦИТЕ САКААТ КВАЛИТЕТЕН ЛУКСУЗ

Хјундаи го зема шефот на дизајнерите на Бентли

објавено: 17 мај 2016 - 11:10

Корејската компанија за автомобили објави дека успеала да го ангажира најуспешниот корејски дизајнер на луксузни и спортски автомобил, Санг Јуп Лии, кој беше шеф на дизајнерскиот оддел на Бентли од 2012 година.

Од Хјундаи коментираат дека Лии ќе ја има улогата на потпретседател на дизајнерскиот оддел во Хјундаи дизајн центарот веќе од јуни и ќе помага на изградбата на луксузната марка Џенезис, во изградбата на свој сопствен дизајн и да ја подобри конкурентноста.

Тој ќе биде главен на одделот за надворешен и внатрешен дизајн и ќе работи заедно со постариот потпретседател Лук Донкерволке. Претходно Лии им аработено кај Пининфарина, Порше дизјан и Џенерал моторос. Еден од неговите најпознати дизајни е камаро концепт што се користеше во Трансформерс филмовите.

Најново во Автомобили