ЌЕ ИМА ЛИ НОВ СНАКДАЛ

Германците ги обвинуваат Фиат-Крајслер за можен "дизелгејт"

објавено: 19 мај 2016 - 20:32
Германскиот министер за транспорт ја обвини италијанско-американската компанија за несоработување откако Фиат-Крајслер не се појави на состанок во врска со емисијата на штетни гасови од нивните дизелски автомобили.

Во изјавата на минсистерството се вели дека однесувањето на Фиат-Крајслер е „целосно неразбирливо“ иако има „конкретни обвинувања“ против автомобилскиот производител.

Германското министерство за транспорт го поканило Фат да се состане со официјалните лица во четврток како дел од широката истрага за нелегални системи за контрола на емисијата на штетни гасови што првпат беше откриена кај Фолксваген.

Во објаснувањето на адвокатите на Фиат се вели дека откажувањето на состанокот е поради фактот што моделите на Фиат се сертифицирани од страна на италијанските власти и дека токму тие се одговорни ако треба да се врши некоја истрага.

Лани во ноември германските власти направија широка контрола на дизлеските модели кај 23 брендови и било открено дека кај многу постојат отстапувања од вредностите, но дека се во законските граници.
 

Најново во Автомобили