ЕДНО МАЛКУ ПОИНАКВО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА МОДЕЛИТЕ НА БМВ

„Генерација Х“ - погон на сите тркала за целосно уживање

На патот низ 10-те европски земји каде БМВ организираше роудшоу беше и Македонија каде новинарите и потенцијалните купувачи можеа да се запознаат со возилата со xDrive погон на сите четири тркала.

објавено: 13 мај 2016 - 11:15

БМВ генерација Х роудшоу, е патувачка манифестација, која го промовира целото семејство на БМВ X модели. Од 11ти до 15ти мај, македонската јавност ќе го има можност да го почувствува задоволството во возењето на најновите БМВ модели преку xDrive тест возењето.

Полудневното дружење со 15-те возила на БМВ со ознака хDrive ни овозможија барем за момент да го почуствуваме конфорот и уживањето при управувањето со овие модели. Планинските предели на Маврово, различните услови на возење, од земја, кал, трева, макадам ни дадоа можност за уживање. На располагање ги имавме моделите Х1, Х3, Х4, Х5 и Х6. Барем за момент се почувствуваме господски со комфорот и луксузот што го нуди оваа гама на возила.

БМВ xDrive е погон кој обезбедува најдобар трансфер на електрична енергија на тркалата во секое време, истовремено подобрувајќи ја агилноста и безбедноста на возилото. Дистрибуцијата на електрична енергија на предните и задните тркала во сооднос од 40:60 се подесува кога движењето на возилото или условите на патот ќе се променат. Возењето по стрмни патишта и влегувањето во кривини сега е многу поудобно со системот xDrive - благодарение на динамичните промени на преносот на енергија, возилото останува стабилно и системот реагира пред патниците да почувствуваат и најмала неудобност.
Овие придобивки од xDrive се и главната причина за светскиот успех на Х моделите на БМВ. Исто така, нивниот проактивен систем, нивната потрошувачка, разновидност и просторност ги прави идеални за македонскиот пазар.

 

Најново во Автомобили