НОВИОТ РЕНО МЕГАН ДОСТАПЕН И ВО МАКЕДОНИЈА

Французин со единствен дизајн и единствена технологија во класата

Откако лани во септември за првпат беше промовиран на саемот во Франкфурт, новиот Renault megane сега е достапен за продажба во поголемиот дел од земјите од Европа. Од пред неколку дена и во салонот на Аутомотив Груп.

објавено: 16 март 2016 - 22:37


Моделот со кој Рено сака да го задржи своето влијание во Ц сегментот каде во Европа отпаѓа една четвртина од целокупната продажба на нови возила. Она што во минатото беше Megane, сега е уште повеќе подновен, пред се со многу технолошки достигнувања.

Основно, моделот го краси динамична линија и досега нови облици на каросеријата, а опремен е со единствен пакет на технички системи кои вообичаеено може да се најдат во автомобилите од повисоките класи. Неговите возни способности се најдобри во класата, додека широката палета на мотори може да ги исполни желбите на сите типови на возачи.

Атрактивниот дизaјн може да се оплемени со 11 различни надворешни бои на каросеријата, од што седум се металик и три металик посебна боја. Стандардните тркала се со големина од 16 цола, а во согласност со нивото на опременост и стилот на автомобилот, достапни се и алуминиумски фелни со големина од 16, 17 и 18 цола.

Новиот Мегане премиерно во класата ја носи 4Control шасијата која е исклучиво достапна во сериска опрема кај моделот GT. Тој систем на брзина помала од 80 км/ч во начин на работа „спорт" и помали од 60 км/ч кај другите начини на работа овозможува вртење на задните тркла во спротивен смер од предните. Тоа на автомобилот му дава прецизно и динамично возење, карактеристично за возила со пократко меѓуоскино растојание.

Ширината на достапните технички додатоци кај другите верзии поразбира и систем R-Link со 8,7 инчен милтимедијски екран, најголем во сегментот, потоа Full LED Pure Vision LED дневни светла, електрично преклоплив Head-Up дисплеј, систем LDW - систем за прпеознавање на промената на лентата з авозење, индикатор за прекорачување на брзината и систем з апрпеознавање на сообраќајните знаци, систем за паркирање Easy Park Asist и камера за возење во рикверц

Сите класични верзи на новиот Megane ќе ги покренуваат бензински 1,2 ТЦе агрегати, и турбо-дизлеи 1,5 дЦи и 1,6 дЦи. Овие мотори можат да бидат во комбинација со шестстепен мануелен менувач или со доплата со ЕДЦ.

Повеќе инфомации за новиот Renault Megane

Најново во Автомобили