Светската премиера на T-Cross Breeze

Фолксваген СУВ концепт со отворен кров кој носи свежина во компактниот сегмент (ФОТО)

објавено: 4 март 2016 - 11:30

 

На меѓународниот автомобилски саем во Женева, компанијата претстави возила насочени кон идната мобилноста, еден од нив е фасцинантниот T-Cross Breeze со отворен кров. Т-Cross Breeze концепт автомобилот го означува почетокот на големата моделска офанзива на групацијата Фолксваге во СУВ сегментот.

Фолксваген ги изненади посетителите на автомобилскиот саем во Женева со луксузен концепт автомобил. Т-Cross Breeze е најкомпактното спортско возило кое ќе биде понудено од Фолксваген. Тоа е првиот СУВ со отворен кров во својата класа и во исто време има повисока позиција на седење за подобра видливост. Исто како и BUDD-e, и кај концептот Т-Cross Breeze сите контроли се на еден прекинувач.

Д-р Херберт Дизе, претседател на одборот на брендот Фолксваген патнички возила објасни:"2016 година ќе биде година на нови почетоци за Фолксваген. Со Т-Cross Breeze ние прикажуваме како би изгледале следните модели на Фолксваген. Ние напорно работиме на развивање на нашите нови СУВ модели, а во иднина ќе понудиме СУВ варијанта во секој значаен сегмент.

Најново во Автомобили