ПОРАДИ „ДИЗЕЛГЕЈЛ АФЕРАТА“

Фолксваген ќе мора да отпушти 3.000 работници

објавено: 13 март 2016 - 11:28

Откако изби аферата со манипулирањето со резултатите од емисијата на издувни гасови во возилата на Фолксваген во САД, компанијата почна со намалување на трошоците со цел да ги исплати казните и да го поправи спорниот софтвер. Како дел од тој план, ФВ планира да отпушти 3.000 работници во Германија до 2017 година.

Најголемиот европски производител на автомобили планира и намалување на вложувањата во 2016 година и тоа во износ од околу една милијарда евра во однос на лани, и ќе отпушти и стотина луѓе кои работеле на повремени работни места. Истовремено ќе престане и производството на непрофитните модели во обид да се намалат трошоците.

Во моментов ФВ вработува околу 120.000 работници во своите погодни во Западна Германија. се уште нема прецизни податоци на кој начин ќе се намалува бројот на вработени, а ова е прво најавено намалување.

Најново во Автомобили