АГРЕСИВЕН ПЛАН НА КОРЕЈЦИТЕ

Џенезис планира најмалку четири нови модели до 2020

Неодамна Хјунда го промовираше премиум брендот Џенезис кој има агресивен план да се позиционира што подобро на пазарот, но ова е првпат да има и информации што се ќе биде ново понудено во таа нивна експанзија.

објавено: 20 мај 2016 - 11:15

Премиум брендот планира најмалку четири нови модели до 2020 година, според корејските медуми.
Тоа го вклучува моделот Г70, ривал на БМВ серија 3 што веќе беше најавено со концептот наречен Њујорк, потоа два луксузни СУВ што најверојатно би биле ривали на Ауди Кју 7 и Кју5, и спортско купе што веројатно ќе се базира на моделот Г70.

Според фотографијата што беше објавена во медиумите, базичниот модел Г70 би требало да се појави пред 2017, а потоа би следувале и следните модели. Корејската компанија моментно го нуди Г90 луксузниот седан, што е подобрена и преименувана верзија на ЕQ900 и на Г80, што во минатото беше позната како Хјундаи џенезис.

Според претходните информации Џенезис сака да понуди модели кои нема д абидат само плаг-ин хибриди туку и со високи перформанси и со нив да ги нападнат БМВ М сериите и Мерцедес АМГ моделите.


 

Најново во Автомобили