ЗА ДВЕ ГОДИНИ НА ПАЗАРОТ

АвтоВАЗ почна на работата на новата лада 4х4

Руски АвтоВАЗ ги почна работте околу производството на следната генерација на моделот лада 4х4, што е многу попознат како „нива".

објавено: 22 мај 2016 - 11:13

Моделот ќе го следи „х дизајнот" што веќе се применува во моделите „лада веста" и „лада Хреј". Новата „нива" би требало да се појави на пазарот во првата половина на 2018 година. Сега е познато дека основниот модел ќе има пет врати, а неизвесно е дали ќе постои и верзија со три врати.

Новата „нива" ќе биде возило од Ц класата. Во однос на платформата што ќе ја користи постои мислење дека таа би била позајмена од „шевролет нива", што би било многу прифатливо во услови на економска криза и би одговарала на руските снабдувачи на опрема.

Базниот модел на лада 4х4 од третата генерација би имал 1,8 литарски бензински мотор и сила од 122 КС.

 

Најново во Автомобили