СТЕЛВИО Е НОВ ЧЛЕН НА ИТАЛИЈАНСКОТО СЕМЕЈСТВО

Алфа ромео тестира нов кросовер

објавено: 17 мај 2016 - 13:18


Во Алфа ромео прават интензивни тестирања по патиштата на кросовер моделот чие име треба да биде „стелвио" а дебито е најавено за меѓународниот автосалон во Лос Анџелес во ноември.

Нема многу информации за возилото. Во основниот модел ќе има турбодизелски В6 кој е нов во брендот. Нема инфо околу неговата моќност во базичниот модел, но во топ моделот ќе има 350 КС. Топ варијантата со бензински мотор ќе може да има моќност од 500 КС што е малку не својствено за пазарните модели во СУВ делот.

Моделот е развиван на платформата „џорџо" на која се базираат и алфа ромео џулија. Според димензиите новот кросовер треба да е малку поголем од БМВ Х3.

Продажбата на новиот италијански кросовер во Европа би требало да почене следната година, како конкурет на БМВ Х3, Јагуар Ф пејс и Порше макан.

Најново во Автомобили