ФРАНЦУЗИТЕ СЕРИОЗНО ВЛЕГУВААТ ВО СУВ СЕГМЕНТОТ

Рено во завршна фаза го тестира Maxthon

објавено: 13 март 2016 - 14:42

За време на тестирањата во Шведска папарацо фотографите го „фатија" новиот голем СУВ на Рено, кој ќе го носи името Maxthon. Тој треба да биде над сегашниот модел Kadjar и да се позиционира како премиум понуда во сегментот.
Maxthon ја дели платформата на Nissan X-Trail со седум седишта, но сега ќе биде со понуда со пет седишта барем на почетокот. Рено планира овој модел да го нуди на пазарот во Кина, каде ќе го замени сегашниот Koleos кој е во пензија. Тој ќе се произведува во нивната фабрика во Кина. Засега нема потврда но можно е Maxthon да се нуди и во Европа.
Изгледот е инспириран од моделот Megane, каде има заеднички линии, но и многу допирни точки со Kadjar. Овој кросовер на Рено треба да биде дола околу 470 см. Еден од моторите што ќе се вградуваат ќе биде 1,6 дЦи со 130 и 160 КС.
Се очекува Maxthon да дебитира на саемот во Пекинг во април годинава

 

Најново во Автомобили