ВЕЌЕ СЕ ТЕСТИРА НИЗ ЕВРОПА

Рено клио есенва ќе добие промени во изгледот

Примероци на возила со новиот фејслифт на петвратната верзија на „клио" се забележани во Јужна Европа каде се вршат тестирања. Се очекуваат промени во формата на капакот на моторот, фаровите и предната маска на ладилникот со стилот на по големиот модел од брендот - меган.

објавено: 22 мај 2016 - 22:02


Сегашната четврта генерација на моделот „рено клио" се појави на пазарот во 2012 година и сега е на ред да има затегнување на линиите и освежувања. Во принцип се прават промени сега на изгледот однапред и позади и на браниците. Премиерата на рестилизраниот модел треба да се појави на автосалонот во Париз, а кон крајот на годината и ќе биде во продажба.

Формата на светлата со овој фејслифт ќе бидат поблиску до сегашните модели и на новите поголеми модели на брендот, и ќе земат делови од моделот „талисман", и најавено е да има промени во внатрешноста и на управувачот.

Со рестјалингот Французите ќе ја подобрат и опремата што ќе се нуди, и можно е да има промени во понудата на моторите кои сега ќе имаат поголема сила, и тоа почнувајќи и со бензинскиот 1,2 литарски.
Можно е да има и „средна" хибридна верзија на хибрид асист на база на 1,5 литарскиот дизлески мотор. Најсилната верзија „клио РС" според интерните информации ќе понуди повеќе сила, и нова модерна менувачка кутија.

Најново во Автомобили