И ФОРД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРИНОВА

Новиот „фокус“ доаѓа в година

Веќе шест години е на пазарот, и полека почнува да заостанува во однос на конкуренцијата во Ц сегментот, па затоа Форд во почетокот на 2017 година ќе го претстави новиот „фокус".

објавено: 23 мај 2016 - 14:33


Актуелната генерација беше промовирана во јануари 2010 година на саемот во Детроит, а на почетокот на март 2014 година беше извршен и фејслифтинг. Но, времето си го прави своето, па потребно е да се понуди нешто поконкурентно на пазарот.

Засега нема официјални фотки како би изгледал моделот, па затоа постојат само фотошопирани фотки кои го прикажуваат најверојатниот изглед. Италијански „омни ауто" се надева дека имаат вистински информации, и нивната фотографија е најблиску до реалнот изглед на новиот „фокус".

Сигурно е дека новиот „фокус" ќе има подолго меѓуоскино растојание, попространа внатрешност со повеќе простор за патниците позади, нешто подолга задна врата, и багажник со поголем капацитет.

Покрај во хечбек издание, новиот „фокус" ќе се нуди и како лимузина и караван, а сигурно е дека ќе има и поголем избор на бензински и дизелски агрегати, како и електрична и плаг-ин хибридна верзија.

Најново во Автомобили