Новата Skoda Octavia Scout: Вистинска авантура за семејни патувања

Scout е малку повеќе од автомобил": најмногу простор во класата, максимална функционалност, практични и „Едноставно паметни" решенија, врвна безбедност и удобност, најнова технологија и непобедлив сооднос квалитет / цена

објавено: 6 март 2014 - 20:09

Skoda продолжува со својата моделска офанзива. Новата Skoda Octavia Scout ја има својата светска премиера на автомобилскиот саем во Женева. Робусно возило за сите патишта со карактеристичен заоблен спортски off-road изглед, иновативен погон на сите тркала, најдобри перформанси на нерамни патишта и висока флексибилност на и надвор од патот.
Новата Skoda Octavia Scout е направена врз основа на Octavia Combi, а ја карактеризира доминантниот, специфичен изглед. И  предниот и задниот дел изгледаат моќно, со off-road додатоци во црна боја со дополнителни елементи во сребрена боја. Во предниот дел има широки отвори за воздух и светла за магла.

Праговите на вратите и лаковите на тркалата исто така се обложени со црни off-road елементи, со дополнителни црни заштитни странични лајсни. Растојанието од подлогата е зголемено за 33 mm во споредба со стандардниот Octavia модел. 17 инчните  алуминиумски тркала доаѓаат како стандард. Во внатрешноста возилото има 3 крак повеќенаменски кожен управувач специјално дизајниран за Octavia Scout.

Погонот на сите тркала е направен според последниот збор на технологијата , врз основа на Haldex -5 спојката, новите технолошки карактеристики ја прават новата Octavia Scout најдобра досега. Силата за влечење е зголемена за 25 %, до два тона. Покрај тоа, стартните перформанси и како и моќта за искачување на угорнини значително се зголемени. Благодарение поголемите влезни и излезни агли, возилото може да помине и потешки терени. На располагање има два дизел мотори и еден бензински. Моторите се 20% поекономични во споредба со претходниот Octavia Scout модел.

Накратко, новата Skoda Octavia Scout ги поседува сите на вредности на новата Octavia - само што Scout е малку повеќе од автомобил": најмногу простор во класата, максимална функционалност, практични и „Едноставно паметни" решенија, врвна безбедност и удобност, најнова технологија и непобедлив сооднос квалитет / цена.

Најново во Автомобили