Bugatti Chiron - брз како куршум

Нов суперавтомобил со 1.500 коњски сили што чини 2,6 милиони долари (ФОТО)

објавено: 2 март 2016 - 10:55


Иако мина само една декада откако Bugatti почна со производството на суперавтомобилот Veyron, познатиот бренд ја завршува таа ера и отвора ново поглавје. Наследникот го покажаа на саемот во Женева под името Chiron.

Исто како и претходникот, Chiron користи 8 литарски турбо W16 каде „блидањето" е стигнато со неверојатни 1.500 КС, и 1.600 Нм вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч е за само 2,5 секунди, а максималната бзрина е 420 км/ч. Со овие бројки Chiron е најбрзиот продукциски автомобил, и има 300 КС повеќе од претходникот.

Дополнителната сила доаѓа од четирите големи турбополначи во однос на моделот Veyron, кои сега користат нови двостепени турбополначи. Од компанијата напоменуваат дека со овој мотор ќе го напаѓат светскиот рекорд

Bugatti планира да произведе 500 примероци од овој автомобил, а од компанијата потврдуваат дека една третина од планираното е веќе резервирано, иако цената се движи околу 2,6 милиони долари.

Најново во Автомобили