СЕ ПРОШИРУВА ПОНУДАТА НА АСТРА

Моќен БиТурбо мотор со 160 КС

Новата „Опел астра" со 1,6 литарски БиТурбо дизелски мотор го карактеризира мала потрошувачка и можност за добро забрзување. Овој модел од 0 до 100 км/ч за брзува за 8,6 секунди, а меѓу забрзувањето од 80 до 120 км/ч се врши за 7,5 секунди, и продолжува се до максималните 220 км/ч.

објавено: 23 мај 2016 - 08:07

Ако на ова се придодаде и потрошувачката во комбиниран циклус на гориво од 4-4,1 литар и емисија на ЦО2 од 106-109 г/км. тогаш оваа „астра" ја прават еден од најефикасните автомобили во Ц сегментот.

Покрај одличната ефикасност, еластичноста е исто така главн апредност на овој врвен мотор со 160 КС. Максималниот вртежен момент од 350 Нм е доатапен при 1500 вртежи во минута. Во комбинација со малата маса (новата „астра" е до 200 кг. полесна во однос на претходниот модел) и одличниот фид-бек н апапучата за гаста, овој БиТурбо итро забрзува од ниските вртежи. заедно со шестстепен мануелен менувач, четирицилиндричниот агрегат со секвенционален турбо полнач кој работи во две нивоа, добро и прогресивно ги покачува вртежите до 4.000 во минута, кога се постигнува маскималната сила. Моторот тогаш е со рафинирана работа, и патничкиот дел на „астра" го прави тивок и комфорен за патувања.

Цената на новата „астра 1,6 БиТурбо ЦДТИ" со пет врати почнува од 27.000 евра.

Најново во Автомобили