НА САЕМОТ ВО ЊУЈОРК ЌЕ БИДЕ И ОФИЦИЈАЛНО ПРЕТСТАВЕН

Мерцедес ГЛЦ купе потпишан од Македонецот Славчо Таневски (ФОТО + ВИДЕО)

Долгонајавуваниот модел на Мерцедес со ознака GLC Coupe своето деби ќе го има на саемот во Њујорк, а дел од дизајнерскиот тим е и Македонецот Славче Таневски. Тој повеќе години работи во дизајнерскиот оддел на Мерцедес, а ова е прв автомобил каде има директно и големо учество.

објавено: 23 март 2016 - 15:24


Истиот ден кога стигна од Мерцедес потврдата за дебито, на својот Фб профил се пофали и Таневски, откривајќи дека на овој модел се работелот четири години. Моделот пред речиси една година беше претставен како концепт во Шангај, и тоа со изглед приближен на сериската верзија. Моделот кој наскоро ќе се појави на пазарот треба да му конкурира на БМВ X4. Веќе се објавени и фабричките фотографии и видеа.



Откако беа промовирани моделите GLC и GLS сега на ред дојде и GLC Coupe.
Овој модел е долг 473 см. висок 160 см. и со меѓуоскино растојание од 283 см. Поради обликот на задниот дел од покривот ќе има помалку место за главите на патниците на задните седишта, а и багажникот
ќе биде со помали димензии (стандардниот GLC има багажник од 580 литри)
Во понудата кај серискиот модел на почеток ќе има два дизелски агрегати, еден бензинец и хибридна верзија.
Продажбата треба да почне во септември, а во Германија се очекува да биде со цена од околу 45.000 евра.

 

Најново во Автомобили