ГУДЈЕР СО ИНТЕРЕСНА ВИЗИЈА

Концептуална гума за автономните возила на иднината (ВИДЕО)

На саемот во Женева, компанијата за производство на пневматици, Гудјер го претстави концептуалниот пневматик Eagle-360 наменет за автономните возила на иднината, со единствен топчест облик кој може да се врти за 360 степени. Пневматиците се поврзани со каросеријата преку магнетни полиња, слично како возовите на магнетните перници. Со тоа се обезбедува удобно возење и се намалува нивото на бучавоста.

објавено: 4 март 2016 - 13:26


Иновативниот облик е базиран на 117 годишното искуство на Гудјер во изработката на пневматици, и претставува решение на визијата за иднината кога автономните возила ќе станат секојдневие. според истражувањата на компанијата Навигант Рисрч, до 2035 година можеме да очекуваме на светско ниво продажба на 85 милиони автономни возила годишно.

Еднствениот облик на оваа гума ги исполнува барањата на автономната мобилност и претставува клучен фактор за унапредувањето на движењето, зашто возилата можат да се движат во сите правци, што придонесува за поголема сигурност на патниците. Активната технологија му овозможува на пневматикот да ја намали опасноста од лизгање и да го задржи сигурниот правец на возење во ризични услови,. како што се поледица или неочекувани пречки на возната површина. Топчестиот облик обезбедува странична стабилноста што значи дека возилото може да ја заобиколи секоја пречка без промена на насоката на возење.

Обликот на концептуалниот пневматик Eagle -360 се базира на начелата на биолошка мимикрија, односно имитирање на природата, што Гудјер често го користи во своите концепти. така слојот на кој се гази кај пневматикот ја имитира шарата на кората на мозокот, а неговите повеќесмерни блокови и канали придонесуваат за сигурен контакт со подлогата. При обликување на дното на каналот во Гудјер се угледале на сунѓер кој кога е сув е поцврст, а кога е мокар е помек. Иновативната текстура ја апсорбира водата на патот и со центрифугална сила ја оттргнува од газната површина, со што ја намалува опасноста од аквапланинг и обезбедува оптимални возни карактеристики

 

Најново во Автомобили