ПРВИТЕ ЗАЕДНИЧКИ МОДЕЛИ НА ВОЛВО И ГИЛИ

Два нови концепти на Волво како најава на серија 40

Волво ги претстави двете студии наречени Волво 40.1 концепт и Волво 40.2 концепт кои го најавуваат изгледот на новите возила од серијата 40, односно малиот кросовер ХЦ40 и новата генерација на хечбек В40.

објавено: 19 мај 2016 - 23:16


Двата концепти се направени на компактната модуларна архитектура (ЦМА) развиена во соработка со кинескиот сопственик, компанијата Гили. Моделите би требало да се појавата до крајот на декадава во сериско производство.

Во иднина нивните заеднички модели треба на глобално ниво да се борат со се поголемата конкуренција и премиум ривалите. На овие модели ќе им се приклучи и С40 кој од порано беше најавен, како ривал на Ауди А3 седан и идната БМВ серија 1 седан.

Сите модели со ЦМА платформа ќе се произведуваат во гент во Белгија, каде треба да бидат вложени околу 200 милиони евра, и тоа со мотори со три и четри цлиндри. Но, истовремено се најавува и плаг-ин хибридна и електрична верзија.

Волво 40.1 концепт има хибриден погон (комбинација на 1,5 литарски турбо бензински мотор со 180 КС што ја пренесува силата на предните тркала, електромотор од 55 киловати, батерија од 9,7 киловат часа и седумстепен менувач со двојно квачило. Можна е и само верзија со електропогон и би можело да мине до 50 км. Серискиот модел ХЦ40 би требало да се очекува на пазарот во текот на 2017 година, и то како ривал на Инфинити КјуИкс30 и на Мерцедес ГЛА.

Концептот 40.2 е наследник на Волво в40 (вклучувајќи го и В40 крос кантри). Овој концепт го придвижува електромотор при што автономијата со едно полнење на батеријата знесува околу 350 км.

Најново во Автомобили