НА ПРВАТА ТРКА ОД ЕВРОПСКОТО ТЦР ПРВЕНСТВО

Слаб пласман на Иџе и Давидовски во Асен (ФОТО)

Свои нови настапи имаа македонските автомобилисти, а денеска на холандската патека завршија еден до друг.

објавено: 18 август 2018 - 18:15

Игор Стефановски со својот „Хјундаи" бранејќи ги боите на „Стефановски Рејсинг Тим" дојде до 16. место со време од 25:41.110. Иако со оштетено задно тркало, последица од удар во вториот круг, сепак успеа Иџе да ја заврши првата трка.

Зад него на 17. позиција е Виктор Давидовски со „Хонда Сивик" како дел од „ПСС Рејсинг Тим" со време од 25:42.175.

На првото место заврши Даниел Наѓ со време 25:08.183, пред Карл Вернеј и Ришар. Втората трка во Холандија ќе се вози в недела од 11:00 часот.

Во генералниот пласман води Србинот Душан Борковиќ со 119 поени, по пет повеќе од Наѓ и шпанскиот натпреварувач Микел Азкона.

Најново во Авто-мото