МОТО ГП

Марк Маркез славеше во Јапонија за седма титула

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез ја одбрани титулата во Мото ГП шампионатот со триумфот на трката за големата награда на Јапонија.

објавено: 21 октомври 2018 - 08:38

Марк Маркез уште еднаш покажа дека е врвен возач, успеа да дојде до седмата титула во својата кариера иако Андреа Довициозо имаше се во свои раце, но Шпанецот во самиот финиш успеа да го претекне големиот ривал за титула на три трки пред крајот од сезоната.

Довициозо се бореше, се обиде да го расипе славјето на Маркез, но направи неверојатна грешка во претпоследниот круг кога излета од патеката и веќе стана јасно како ќе заврши оваа трка. На крајот ова го чинеше доста скапо, заврши дури на 18. место.

На другата страна во Репсол Хонда веќе во последниот круг ја слвеа новата титула. На второто место зад шампионот заврши Кал Крачлоу, додека пак третата позиција му припадна на Алекс Ринс, по што следува Валентино Роси.

 

Најново во Авто-мото