НА ЕДНА ОД НАЈПРЕГЛЕДНИТЕ И НАЈУРЕДЕНИТЕ ПАТЕКИ ВО ЕВРОПА

Македонскиот мотоциклист Станковиќ трет на трката во БиХ!

Изминатиот викенд на патеката „Птичијак" во Рогатица која е една од најпрегледните и најуредените на европските простори, беше одржано мотокрос првенството во Босна и Херцеговина.

објавено: 21 август 2018 - 13:00

Оваа година, во овој атрактивен и адреналински спорт, имаше и меѓународен карактер настапувајќи и 20 натпреварувачки од регионот, кои воглавно и доминираа во одредени класи.

Имаше натпреварувачи од Србија, Хрватска, Македонија, Република Српска, БиХ и Германија.

Единствен претставник од Македонија беше нашиот возач Христијан Станковиќ „МК Скопје" кој се натпреваруваше во класата МХ2.

Тој го освои третото место, првопласиран заврши Ненад Петровиќ од Србија, а на втората позиција се најде Хрватот Петар Кундид.

Најново во Авто-мото