ШПАНЕЦОТ БЕШЕ НАЈБРЗ ВО САБОТНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ

Маркез со пол-позиција во Австрија, очаен ден за Јамаха! (Фото)

Актуелниот шампион во најсилната класа на Мото ГП ќе стартува од пол позицијата на утрешната неделна трка за Големата награда на Австрија.

објавено: 11 август 2018 - 16:22

Возачот на „Репсол Хонда" имаше уште едни успешни квалификации и со време од 1:23.241 мин. дојде до својата 77. пол позиција во својата кариера.

Зад себе шпанскиот натпреварувач го остави дуото на „Дукати". Андреа Довициозо задоцни само 0.002 секунди и мора да го гледа грбот на Маркез, додека како трет заврши Хорхе Лоренцо (1:12.376).

Денеска потфрлија повторно возачите на „Јамаха". Легендарниот Валентино Роси ќе тргне дури од 14. место, додека Маверик Виналес се најде три позиции пред „Докторот".

Најново во Авто-мото