РАЗЛИЧЕН ЕПИЛОГ НА МАКЕДОНСКИТЕ АВТОМОБИЛИСТИ ВО ХОЛАНДИЈА

Иџе не ја заврши втората трка во Асен (ФОТО)

Денеска се возеше втората трка од ТЦР шампионатот во Асен (Холандија) каде што Иџе остана без пласман, а Виктор Давидовски заврши на 15. позиција.

објавено: 19 август 2018 - 13:16

Иако стартуваше од последниот ред, со својата „Хонда Сивик" Давидовски дојде до солидната 15. позиција, додека вториот македонски автомобилист беше само неколку минути на патеката.

Игор Стефановски се откажа од трката поради оштетување на својот автомобил „Хјундаи" и така остана без пласман во однос на вчерашната прва трка кога дојде до 16. место.

На денешната трка триумфираше Унгарецот Атила Таши, сега во генералниот пласман Душан Борковиќ води со 134 бодови, пред Микел Азкона (132), трет е Даниел Наѓ (114), а четвртопласиран Таши (95).

Најново во Авто-мото