ДЕНЕСКА МИХАЕЛ ШУМАХЕР ГО СЛАВИ 50 РОДЕНДЕН

ЖАН ТОД Е УБЕДЕН ВО ЕДНА РАБОТА: Гледавме многу трки заедно, ќе гледаме уште...

Она што го вели неговиот голем пријател, ја открива вистинската состојба на легендарниот возач на Формула 1.

објавено: 3 јануари 2019 - 15:30

Поранешниот шеф на Ферари, и најдобриот пријател на Михаел Шумахер, Жан Тод, открива дека состојбата на популарниот „Шуми" е значително подобрена.

Денеска, Михаел Шумахер го слави својот јубилеен 50.роденден, и иако неговата сопруга по тој повод се огласи во јавноста, и понатаму е непознато до која мерка славниот возач успеал да се опорави од последниците на страотната несреќа која ја доживеа пред пет години.
Но затоа пак зборовите на неговиот пријател ги воодушевија фановите на еден од најдобрите во историјата на Формула 1.
Имено, Тод призна дека неодамна, во друштво на Михаел ја гледал трката за Големата награда на Бразил, што сигурно не би се случило доколку тој сеуште неподвижен лежи во креветот приклучен на апарати.

„Со него гледав многу трки, пред и после несреќата. Ги гледавме доста заедно, и ќе гледаме уште многу пати заедно"- изјави Тод.

По повод овој јубилеен педесетти роденден на Шуми, многу славни возачи и негови колеги упатија зборови со подршка.

„Тој беше мојот учител. Заедничкото време во Ферари за мене беше фантастично искуство"- изјави Фелипе Маса.

„Најубавите моменти во мојата кариера беа кога Шумахер можев да го видам на ретровизорот"- рече Мика Хакинен.

Луис Хамилтон пак призна дека и понатаму го смета Шумахер за најголемиот во историјата на Ф1, а Себастијан Фетел пак нагласи дека во последните неколку години му недостасувале неговите совети.

Најново во Авто-мото