Свежи бои во семејството на Френк Вилијамс

Вилијамс го откри новиот болид со Мартини-шмек

По пауза од 35 години, познатиот пијалак се враќа како поддржувач на Формула 1 и тоа официјално како Вилијамс Мартини Рејсинг

објавено: 6 март 2014 - 14:33

Вилијамс и официјано го претстави новиот изглед на својот нов болид, за сезоната 2014. Ексклузивата е тоа што со него се враќаат легендарните бои на Мартини, познатиот пијалак, кој последно беше дел од Ф1 во 1979 година, како партнер на Лотус.

„Пресреќни сме да му посакаме добредојде на Мартини во семејството Вилијамс и официјално да го лансираме ‘Вилијамс мартини рејсинг’. Вилијамс и Мартини делат богата историја во светот на мото-спортот, а вредностите на нашите два бренда и заедничката страст за тркањето го прави ова партнество идеална спојка. Ќе биде одлично да се видат уникатните бои на Мартини повторно во Формула 1, овој пат во единство со Вилијамс“, изјави Френк Вилијамс, основачот на тимот.

Вилијамс го заврши зимското тестирање во Бахреин со најдобро време и изгледа дека уште сега ја наметнува својата конкурентност за сезоната која претстои.  Возбудувањата на асфалтот ќе почнат на 16 март, со Големата награда на Австралија.

Најново во Авто-мото