ШТО ЛИ СЕГА ЌЕ КАЖАТ ВО ФЕРАРИ?

СКАНДАЛ КАКОВ ШТО ФОРМУЛА 1 НЕ ПАМЕТИ: Кими дојде мртов-пијан на пиедесталот, за малку ќе паднеше (ВИДЕО)

Се занесуваше по бината, се прегрнуваше и бакнуваше со сите, го шокираше дури и Себастијан Фетел...

објавено: 9 декември 2018 - 09:30

Финскиот возач од Ферари, Кими Раиконен, предизвика скандал на свечената церемонија на доделување на наградите за минатата сезона во Формула 1, а во организација на Светската автомобилска федерација.
На свеченоста во Санкт Петербург, на која беше крунисан новиот-стар шампион, Луис Хамилтон, трофеи им припаднаа и на второ, односно третопласираните во шампионатот, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
Двајцата возачи на „црвеното коњче" заедно излегоа на бината, но Финецот во видно алкохолизирана состојба. Се движеше во некоја „цик-цак" линија, ги прегрнуваше сите присутни, и некако едвај успеа да ја прими наградата.
И очигледно беше дека сите, вклучително и неговиот клупски партнер, Себастијан Фетел, беа во вистински шок.
Дефинитивно, Формула 1 не памети ваков скандал!

 

Најново во Авто-мото