ПАДНА ОДЛУКАТА ВО АНГЛИСКИОТ ТИМ

Саинц-јуниор го менува Алонсо во Мекларен


Синот на прославениот шпански возач од наредната сезона ќе вози за Мекларен како наследник на Фернандо Алонсо, објави англискиот тим ов Формула 1.

објавено: 16 август 2018 - 17:50

Саинц-јуниор, кој моментално настапува за Рено, договорил повеќегодишна соработка со Мекларен за да го замени Алонсо кој заминува во пензија.

„Воодушевен сум што ќе бидам возач на Мекларен од 2019 година. Тоа го барав некое време, и возбуден сум што правам ново поглавје во мојата кариера. Многу одлични возачи биле во овој тим. Еден од нив е Фернандо кој сега вози за Мекларен. А јас ќе ја продолжам традицијата на Шпанците во Мекларен" – рече новиот „шофер" во англискиот тим во Формула 1.

Во овој момент Саинц-јуниор е на 11 позиција во шампионатот на Формула 1, има 30. освоени бодови.

Најново во Авто-мото