Потврдата доаѓа од повеќе извори

Русинот Квјат се враќа во Ф1 како возач на Торо Росо

По една година помината во Ферари како пилот за развој, Русинот повторно добива шанса во тимот каде го имаше и своето деби во Формула 1.

објавено: 17 септември 2018 - 09:30

Рускот пилот во Формула 1, Данаил Квјат се враќа во натпреварувањето веќе следната сезона и тоа како возач на Торо Росо. Веста ја потврдија повеќе извори, што значи дека работата е финализирана.
Квјат потпишал договор со италијанскиот тим за следната сезона.

Претходно, и холандските медиуми објавија дека италијанскиот тим полека ја финализира соработката со рускиот пилот, по што тој ќе добие и трета шанса за настап во најатрактивната автомобилска серија.

Квјат оваа сезона работи како пилот за развој во Ферари . Тој беше дел од Формула 1 од 2014 до 2017 година. Првите две сезони ги помина во Торо Росо, а потоа се пресели на Ред Бул, но во текот на сезоната 2016 се врати како замена за Макс Верстапен.

Најново во Авто-мото