ГИ ПРОМЕНИ СВОИТЕ „РАБОТНИ НАВИКИ"

РОБЕРТ КУБИЦА: После несреќата, со 70% сум леворак

Полскиот автомобилист вели дека од враќањето во болидот за Формула 1 е приморан многу повеќе да ја користи левата рака од порано...

објавено: 20 август 2018 - 15:15

Во несреќата за време на едно рели во 2011 година, полскиот автомобилист се здоби со тешки повреди на десната рака кои оставија трајни последици на неговата мобилност.

Но и покрај тоа, минатата година Кубица доби шанса да се најде зад воланот на актуелниот болид на Формула 1 тимот Вилијамс, каде беше именуван за тест возач.
Оваа година Кубица имаше петдневно тестирање, а покрај тоа два пати возеше и за време на слободните тренинзи успешно адаптирајќи се на новата техника.

„Пред неколку години, кога почнав да тестирам на симулаторите, го прашав докторот дали е можно да развијам подобро чувство и прецизност на левата рака. Минатата година од Рено ми побараа да одам на тестирања, и моите резултат покажаа дека прецизноста, брзината и силата на мојата лева рака се барем 35% подобри од најдобрите кои ги виделе дотогаш. Некако, моето тело се адаптираше на реалноста. Ако ги користите двете раце и сте здрави, не ви е потребно да бидете толку прецизни со една рака. На пример, кога возам, 70% сум леворак, а 30% деснорак. Ако би се обидел тоа да биде 50/50, како некогаш, тоа не би функционирало"- вели Кубица за „Аутоспорт".

Некогашниот возач на БМВ Заубер и Рено истакнува дека неговиот стил на возење сега е многу поприроден затоа што редовно се натпреваруваше во рели, а пред враќањето во Формула 1.

„Се дојде некако природно, затоа што тоа е начинот на кој морам да возам. Не можам да се обидувам да работам некои работи како порано. Затоа што поради моите ограничувања, тоа е невозможно. Тоа не е однесува само на моето возење, туку и на животот. Кога и да пробав, се обидов да работам како порано, останував разочаран. Но тогаш сфатив дека постии некој друг начин" – нагласи Пољакот.

Овој шампионат во Формула 1 продолжува со трката во Белгија, на 26. август.

Најново во Авто-мото