Одложена промоцијата на новиот шампион

Раиконен триумфално во Остин, Хамилтон трет

Хамилтон останува лидер, но ќе мора да чека на промоцијата на нов шампион на една од последните три трки во шампионатот.

објавено: 21 октомври 2018 - 22:06

Луис Хамилтон ќе мора да почека за евентуална нова титула во светскиот шампионат во Формула 1. На вечерашната трка во Остин, Тексас, победата му припадна на финскиот возач во болидот на Ферари, Кими Раиконен, кој ја искористи својата шанса и успеа да ја надмудри и победи конкуренцијата.

Ова беше прва победа за Раиконен, по пауза од 5 години. Последен пат Финецот успеа да слави во 2013 година. На победничкиот пиедестал второто место го зазема Макс Верстапен кој со болидот на Ред Бул финишираше веднаш зад Раиконен, додека третото место му припадна на Хамилтон, кој инаку стартуваше од првото место на денешната трка.

Во ТОП 5 на крајот се најдоа и Себастијан Фетел кој и натаму го „лови“ Хамилтон и не му дозволува прерано да се израдува на нова шампионка титула, а петтото место го освои вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас. 

До крајот на сезоната остануваат уште три трки во Мексико Сити, Сао Паоло и Абу Даби.

Најново во Авто-мото