ИМА ДРУГИ ИДЕИ, И САКА НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО КАРИЕРАТА

ПРОМЕНА НА ПЛАНОТ: Рикардо го напушта Ред Бул, преминува во Рено

Австралиецот одлучи да си замине од актуелниот тим и на крјаот на оваа сезона да прејде кај францускиот, пренесува „ББЦ“...

објавено: 3 август 2018 - 19:20

Иако неодамна изјави дека очекува нов, двегодишен договор од Ред Бул, и истиот да биде заверен веднаш после трката за големата награда на Белгија, Даниел Рикардо се премисли, реши да ја прекине соработката со Ред Бул.

„Ова беше една од најтешките одлуки кои досега сум ги донел во кариерата. Но беше време да се усмерам кон некои нови предизвици" – изјави 29. годишниот австралиски возач.
„Сакам да му помогнам на Рено, да ја достигнат планираната цел и да се натпреварувам на највисоко ниво. Импресионирам сум од нивниот напредок во изминатите две сезони".

Како возач на Ред Бул Рикардо победи на седум трки, а 29.пати завршуваше на победничкиот подиум.
Шефот на тимот, Кристијан Хорнер изјави дека ќе ја почитува одлуката на возачот, и дека ќе продолжи да бара соодветна замена од оние бројни опции кои јасно е, ги има на располагање.
Во овој момент Рикардо е петопласиран во генералниот пласман во Формула 1, а оваа сезона оствари две победи.

Најново во Авто-мото