АЛОНСО ЈА ИМАШЕ ПОСЛЕДНАТА ТРКА ВО КАРИЕРАТА

ПОТВРДИ ЗОШТО Е ШАМПИОН: Хамилтон доминираше и во Абу Даби! (ФОТО)

Освојувачот на светската титула во Формула 1 шампионатот за оваа година триумфираше и на последната трка сезонава.

објавено: 25 ноември 2018 - 16:26

Петкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон водеше од почетокот па се до самиот крај и дојде до својата 73. победа во кариерата, а 11-та во 2018. година. Второто место му припадна на возачот на Ферари, Себастијан Фетел, а победничкиот подиум го комплетираше Макс Ферстапен, членот на Ред Бул.

Следуваа Рикардо, Ботас, Сајнц, бодови освоија уште Леклер, Перез, Грожан и Магнусен. Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо ја заврши кариерата во Формула 1 со освојувањето на 11. место во Абу Даби.

Финскиот возач, пак, Кими Раиконен ја возеше последната трка за Ферари, но не ја заврши поради проблеми со моторот. Во конечниот пласман кај возачите Хамилтон го освои првото место со 408 бодови, пред дуото на Ферари, Фетел (320) и Раиконен (251), а Мерцедес ја одбрани и титулата кај конструкторите.

„Ми беше чест и привилегија да возам против Себастијан. Знам дека следната година тој ќе биде посилен", беа зборовите на Хамилтон.

Најново во Авто-мото