ВИСТИНСКА ДОМИНАЦИЈА, ТРИ НАЈБРЗИ КРУГОВИ ВО МОНАКО

ПОЛ ПОЗИЦИЈА ЗА РИКИЈАРДО: Плус и рекорд на патеката во Монте Карло!

Во шестата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Монако, од првото стартно место ќе тргне возачот на Ред Бул...

објавено: 26 мај 2018 - 16:45

Грешката во третиот тренинг која ја направи Макс Ферстапен ги тргна шансите Ред Бул да ги има двете најдобри стартни места пред трката за Големата награда на Монако, која ќе се вози во недела на пладне низ улиците на Монте Карло.

Ферстапен не ги ни извози квалификациите затоа што тимските инженери на Ред Бул не успеаја да го средат докрај неговиот болид.
Затоа пак неговиот колега Даниел Рикијардо доминираше во квалификациите, и во три наврати го симнуваше рекордот на патеката.
Затоа и не се поставуваше прашањето кој ќе стартува од најдобрата позиција на уличната трка во малото кнежевство. И две години после првата освоена пол-позиција, Рикијардо е повторно на чело во Монако.
Другото место во квалификациите му припадна на Себастијан Фетел, додека пак Луис Хамилтон ќе стартува од позицијата број 3. Четврттото и петото место се резервирани за уште едно Ферари, односно Мерцедес, Кими Раиконен односно Валтери Ботас.
Во десетте најбрзи во овие квалификации влегоа уште и: Фернандо Алонсо, Карлос Саинс, Пјер Гаслин, Серхио Перез и Естебан Окон.
Трката се вози во недела, со почеток од 15:10 часот.

Најново во Авто-мото