БРИТАНЕЦОТ ПРВ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ПРЕД ФЕРСТАПЕН И ФЕТЕЛ

Одлично возење на Хамилтон, лесно до пол позиција во Сингапур! (ФОТО)

Возачот на Мерцедес ќе стартува прв на патеката „Марина беј" пред неделната трка за Големата награда на Сингапур.

објавено: 15 септември 2018 - 16:39

Луис Хамилтон ја освои пол позицијата во својот Мерцедес, а помеѓу првите троја имаме возачи од три различна тимови.

Британецот доминираше во квалификациите и го поправи ланското издание кога стартуваше од петтата позиција.

Второ најдобро време денеска имаше Макс Ферстапен со „Ред Бул", а трет ќе стартува членот на Ферари, Себастијан Фетел.

Во првите 10 пилоти се најда Ботас, Раиконен, Рикардо, Перес, Грожан, Окон и Хилкенберг. Трката в недела ќе се вози од 14:00 часот.

Минатогодишниот шампионат практично беше решен после трката во Сингапур, а би можело истото да се случи и оваа година.

Секако, Хамилтон и во случај на победа нема да биде и официјално шампион, но доколку дојде до нов триумф, во последните шест трки од сезоната ќе биде навистина мирно.

Најново во Авто-мото