Кој се е кандидат да добие трка во Ф1?

Новите Ф1 дестинации: Буенос Аирес, Холандија, Мајами...

И натаму траат шпекулациите околу новите трки кои ќе влезат во календарот на Формула 1 веќе од следната сезона.

објавено: 2 јануари 2019 - 18:56

од неодамна има се повеќе гласини за проширувањето на календарот на трки во Формула 1. Се зборува и за 25 трки кои би можеле да се најдат во календарот на трките во една сезона, се со цел, да се прошири и зголеми популарноста на натпреварувањето. Во продолжение, листа на можните нови Ф1 патеки кои во следните години би можеле да се најдат во календарот на Ф1.

Мајами

Шанси за влез во Ф1: 65%

Идејата за втората трка во САД се појави уште кај Берни Еклстоун. Потоа беа направени разни предлози на местото на настанот. Од „Либерти Медиа“ во неколку наврати изјавија дека им треба улична трка во Мајами. Покрај тоа, во одреден момент се чувствуваше дека новата сезона во 2019 или 2020 година е навистина шанса за влез на Мајами во календарот. Сепак, протестите на локалните жители Мајами отиде „под мраз“. 

Лондон

Шанси за влез во Ф1: 55%

Слична е ситуацијата и со Лондон. Идејата за трката во Британија потекнува од Еклстоун, развиена под "Либерти Медиа". Но, ако локалните жители штрајкуваат во Мајами, овде локалната авто-спорт федерација се противи на трка во главниот град на Велика Британија. Дејв Ричардс, кој е прв човек на Федерацијата, го нарече Лондонскоо Гран При "несоодветен" настан. Вреди да се напомене дека договорот во Силверстоун завршува по 2019 година, па сосема е можно трката во Лондон ја замени во календарот. 

Копенхаген

Шанси за влез во Ф1: 10%

На почетокот се чинеше како трка во Данска е многу реален проект. И интересот од "Либерти", и одобрувањето на данската влада, донесоа до проект на идната патека во Копенхаген, која беше планирана во градот. Сè се промени кога градските власти официјално го објавија војот став дека се против ваква идеја. 

Холандија

Шанси за влез во Ф1: 75%

Поради зголемената популарност на Формула 1 во Холандија, поврзана со доаѓањето на Макс Верстапен, гласините за враќањето на холандската трка во Ф1 се се поголеми. Но, ако минатата година пораките изгледаа само како претпоставки и шпекулации, сега Холандија е еден од главните кандидати за влегување во календарот. Холанѓаните имаат интерес и кај фановите и кај властите. Во игра се патекоте "Зандворт" и "Асен", но и натаму во игра се можни улични трки или во Ротердам или во Амстердам, 

Буенос Аирес

Шанси за влез во Ф1: 40%

Идејата за трката во Аргентина е интересна, особено со оглед на моменталната ситуација со трките во Јужна Америка. Договорот за трката во Бразил ќе истече во 2020 година, а следните две сезони бразилската трка ќе биде апсолутно бесплатна, што не е во корист на Либерти. Во блиска иднина, Формула 1 мора да баре решение за пополнување на слободното место во Јужна Америка.

Министерот за туризам на Аргентина Густав Сантос веќе објави дека неговата земја има намера да организира трка од Формула 1 во блиска иднина. Ова значи дека тие ги имаат парите. Сепак, премногу е рано да се зборува за враќањето на патеката „Оскар Алфредо Галвес“ во календарот на Формула 1. Нејзината состојба е очајна и бара модернизација.

Најново во Авто-мото