Не може без Формула 1

Ни операцијата нема да го спречи: Лауда доаѓа во Абу Даби!

Лауда помина речиси три месеци на интензивна нега, откако претрпе трансплантација на белите дробови, но најавил дека сака да се појави за финалната трка од сезоната во Ф1.

објавено: 8 ноември 2018 - 16:30

Ники Лауда планира да ги изненади фановите на Формула 1 со враќање во пит-боксовите веќе на трката за Големата награда на Абу Даби. Тоа е она што поранешниот сопственик на Ф1, Берни Еклстоун го најави на социјалните мрежи.

Лауда помина речиси три месеци на интензивна нега, откако претрпе трансплантација на белите дробови. Трикратниот светски шампион беше пуштен од болница минатиот месец, но лекарите рекоа дека неговото опоравување оди многу интензивно.

Австриецот сака да се врати на патеките и да ја следи една од последните трки од годинешната сезона. Тој работеше како советник за Мерцедес од 2012 година. Инаку, Берни Еклстон објави дека разговарал со Лауда по телефон и тој му кажал дека има план да патува за Абу Даби на последната сезонска трка. 

Најново во Авто-мото