Се чека официјализација

Наредната сезона во Ф1 ќе трае до декември!

Во предлог календарот е ставена и Големата награда на Германија која во последните години беше под знак на прашалник...

објавено: 31 август 2018 - 19:10

Светската автомобилска федерација исто така објави дека е продолжен договорот со Големата награда на Јапонија која ќе се вози на Сузука се до 2021 година.

Календарот за наредната сезона ќе брои 21 трка, а распоредот е идентичен како и оваа година.
Шампионатот ќе стартува во Австралија, на 17. март, а домаќин на финалето ќе биде Абу Дави на 1.декември.
За време на историјата, само во три наврати сезоната била завршена подоцна. Таков бил случајот во 1959, 1962 и 1963 година.
Календарот ќе се најде пред Советот за авто-мото спорт на ФИБА на 12.октомври, а ќе мора да биде одобрен за да биде и официјален.
Инаку, трката во Германија во последно време беше одржувана на секои две сезони и беше под голем знак на прашалник за наредната затоа што организаторите побараа да се намали екстра трошокот кој мораат да го платат.
Од вкупно 21 трки, дури 11 ќе бидат возени во Европа, пет во Азија, четири во Америка и една во Австралија.
Наредната сезона ќе биде позната и по тоа дека ќе се вози јубилејната 1.000 трка во историјата на Формула 1, а тоа ќе биде Големата награда на Кина која е закажана за 14.април.

Најново во Авто-мото