НЕ ЧЕКА ИНТЕРЕСНА ТРКА

Луди квалификации во Монца: Раиконен со пол-позиција

Возачот на Ферари, Кими Раиконен изненадувачки ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Италија. 

објавено: 1 септември 2018 - 16:31

Луди квалификации, Монца донесе доста возбудувања во самиот финиш. Луис Хамилтон во последниот круг влезе со најдобро време, но во самиот финиш го престигнаа двајцата возачи на Ферари. 

Прво Себастијан Фетел дојде до првото место, но радоста кратко траеше, неговиот колега, Кими Раиконен го забележа најдоброто време, со резултат 1:19.119 ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Италија.

Зад двајцата возачи на Ферари завршија Луис Хамилтон и Валтери Ботас од Мерцедес

 

Најново во Авто-мото