НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА ЛЕГЕНДАТА НА ФОРМУЛА 1

Лауда повторно во болница

Легендата на Формула 1 Ники Лауда повторно е хоспитализиран поради компликации предизвикани од грип

објавено: 6 јануари 2019 - 15:30

Лауда направи чекор назад во закрепнувањето од трансплатацијата на белите дробови минатата година откако повторно бил примен во болница поради компликации предизвикани од грип. Поранешниот возач на Ферари, а сега член на Мерцедес Ф1 е примен во одделот на интензивна нега во болница во Виена.

Од неговиот клуб не соопштуваат детали само дека „закачил" грип за време на божиќните празници, а бидејќи неговиот имунолошки систем не е комплетно повратен по операцијата, тој од истоштеност морал да се врати на интензивна нега.

Најново во Авто-мото