НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА ЗА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Хамилтон со пол позиција за да покаже кој е газда дома

Неверојатно, но во само една десетинка разлика се сместени првите тројца кои утре ќе стартуваат на трката

објавено: 7 јули 2018 - 16:11

Луис Хамилтон покажува зошто е доминантен и четири години по ред е освојувач на трката за големата награда на Велика Британија. Пред домашната публика, Хамилтон ја освои пол позицијата со време од 1,25,982 минута.

Интересно е што помалку од една десетинка е заостанувањето на следните двајца. Себастијан Фетел ќе стартува од втората позиција, а Кими Раиконен. 

„Дадов се што можам и се молев да го направм тоа за сите навивачи. Ви благодарам“, рече веднаш по завршување на трката за пол позиција, лидерот Хамилтон. 

Најново во Авто-мото