НОВО-СТАРИОТ ШАМПИОН ВО ФОРМУЛА 1 ПРИЗНАВА

ХАМИЛТОН: Шумахер е најдобриот возач на сите времиња!

Само некој ден откако ја потврди и петата титула светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон рече дека Михаел Шумахер и понатаму е најдобриот возач во историјата на овој спорт...

објавено: 30 октомври 2018 - 08:30

На трката во Мексико, Британецот ја освои четвртата позиција, доволна за да ја зграби и својата петта шампионска титула во Формула 1.
Пред него сега е само и единствено Михаел Шумахер, кој има седум титули.
Пред трката, светскиот шампион од 1997 година, Жак Вилнев за „Скај" оцени дека Хамилтон е пред Шумахер.

Запрашан дали себеси се смета за најдобриот на сите времиња, Хамилтон имал спремен одговор.

„Никогаш не би можел да кажам за себе дека сум најдобар, Секако, знам кои се моите способности. Но татко ми секогаш ми говореше, уште кога имав осум години, секогаш да говорам на патеката. Сакам моите и резултатите на другите работи кои ги правам надвор од спортот придонесам, па луѓето да можат да формираат пристојно мислење. Но, Михаел и понатаму е прилично далеку по бројот на победите и морате да кажете дека тој и понатаму е ГОАТ – најдобрите"- рече Хамилтон, а пренесе „Скај".

Оваа сезона Британецот го продолжи договорот со Мерцедес на уште две сезони, па сигурно е дека ќе вози до 2020 година, и има шанси да се израмни со Шумахер, поточно неговиот рекорд од седум шампионски трофеи. Додега има 71 победа, или 20.помалку во однос на славниот Германец.

„Не сум размислувал за тој број, затоа што се обидував да се сконцентрирам на оваа титула. Не знам дали ќе имам прилики да освојам повеќе. Којзнае, ќе дадам се од себе да го постигнам тоа. На пример, 91 победа, тоа се многу високи бројки. Има уште доста до тоа. Но ќе бидам овде уште неколку години и се надевам дека макар ќе му се приближам. Михаел беше таков генијалец да се вклопи во Ферари, и што направи со екипата. Секогаш ќе бидам негов навивач".

Освен по бројот на титули и победи, Шумахер е подобар од Хамилтон и по бројот на пласманите на подиумот. Има 155 или доста повеќе во однос на Британецот кој има 132.
Хамилтон пак има повеќе пол-шозиции, во што е рекордер, пред Шумахер, води со 81-68, но и повеќе пати бил во првиот ред на стартот, 130-116.
Претпоследната тка во оваа сезона од Формула 1 се вози за две недели во Бразил.

Најново во Авто-мото