НАСТИНКАТА ГО ПРЕСЕЛИ ШАМПИОНОТ ОД БОЛИД ВО КРЕВЕТ

Хамилтон се повлече од првиот ден на тестирањата во Барселона

објавено: 19 февруари 2014 - 12:26

Актуелниот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон по само 11 извозени круга во Барселона се повлече во боксот поради болест на првиот ден од тестирањата. Мерцедес веднаш го повика својот тест возач Паскал Верлеин, кој требаше да тестира за Форс Индија.

Нико Розберг иако беше на патеката „Каталуња“ тој нема да го вози болидот, поради закажана фотосесија. На првиот ден од тестирањата кои сѐ уште се во тек, Кими Раиконен од Ферари го има најдоброто време, а конечно добри знаци покажува болидот на Мекларен Хонда.

 

Најново во Авто-мото