КОНЕЧНО ДОБИ НОВ ДОГОВОР

Хамилтон не „мрда" од Мерцедес уште долго време

Шампионот во Формула 1, потпиша нов договор со германскиот гигант чиј болид ќе го вози и во 2019 и во 2020 година...

објавено: 19 јули 2018 - 15:15

„Уверен сум дека Мерцедес е вистинското место на кое треба да бидам во наредните години. Иако постигнавме многу успеси од 2013 година досега, 'Мерцедес' е 'гладен' како никогаш досега" - кажа Хамилтон.

Наводно, четирикратниот Формула 1 шампион годишно ќе заработува 40.милиони фунти.

„Потпишувањето на договорот всушност беше само формалност затоа што Тото Волф и јас се договоривме уште во текот на зимата. Сепак, добро е дека ставивме параф. Дел од 'Мерцедес' сум веќе 20.години и никогаш не сум бил посреќен од што сум во овој момент"- дополнува Британецот, кој во актуелниот шампионат заостанува осум бодови зад Себастијан Фетел од Ферари во вкупниот поредок.

„Имаше многу шпекулации во овој договор. Нема многу тоа што не е кажано за Луис. 'Мерцедес' стана негов втор дом и уверени сме дека најдобрите делови од ова приказна допрва доаѓаат"- потврди Волф.

Првиот човек на „Мерцедес" најави дека во наредните недели ќе се реши ситуацијата околу договорот со Валтери Ботас.

Најново во Авто-мото