КОГА ТОТО ВОЛФ ГО ПРИФАЌА ТОА

ХАМИЛТОН МОЖЕ ДА ПРАВИ ШТО САКА: Победи во Монца, отиде на модна ревија, па се врати во Сингапур... (ФОТО)

Директорот на Мерцедес, Тото Волф, вели дека победата на Луис Хамилтов за ГН на Сингапур треба да ги затвори сугестиите за екстравагантниот живот на Британецот, кој наводно го одвојува од патеката и влијае на неговите настапи...

објавено: 20 септември 2018 - 09:00

Минатата седмица Луис Хамилтон победи на Гран при трката во Сингапур, и ја зголеми на 40. бодови предноста во генералниот пласмна на Формула 1 во однос на главниот ривал за титулата, Себастијан Фетел од Ферари.

Актуелниот светски првак помеѓу трките во Монца и Сингапур, имаше густ распоред и чести патувања,. Особено што во последно време сериозно работеше на колекцијата на облека со дизајнерот Томи Хилфингер, кој е и спонзор на тимот на Мерцедес.

После триумфот во Монца, најпрво отпатува дома во Монако, а потоа во Шангај, каде ја претстави својата колеција за Томи Хилфингер,
Се врати во Европа, поточно во Италија, присуствуваше на венчавката на еден свој пријател. Потоа се префрли во Њујорк, на уште едно модно случување, а на крајот се упати кон Сингапур, каде доминантно го освои првото место на „Марина беј" патеката.

"Веќе шест години го слушам истото прашање:'како можеш да му дозволиш на Луис да патува и да лета низ целиот свет'. Знаете што? Најекстремно беше во последните десет дена, тој го обожува тоа. Беше на модна писта во Шангај, а неколку дена подоцна отиде во Њујорк. Дојде во Сингапур, сите ги оддува. Ајде да не го осудуваме, и на сите да им дозволиме за нив да судат нивните настапи. Тој најдобро знае што е најдобро за него" - рече Волф, а пренесе „Автоспорт".

Хамилтон пак потврди дека јасно му ставил до знаење на Волф дека Формула 1 секогаш ќе биде негов приоритет во однос на другите интереси. И испрати благодарност до екипата која му дозволила да учествува но тие сјајни проекти кои му го промениле животот, како на пример, партнерството со Томи Хилфингер.

Најново во Авто-мото