Мексиканецот е големо засилување за „Индијците'

Форс Индија трие раце: Перез е подобар возач по сезоната во Мекларен

Подпретседателот на Форс Индија, смета дека Серхио Перез созреал во 2013, зад воланот на Мекларен и сега неговиот тим ќе го исползува тоа

објавено: 6 март 2014 - 14:56

Раководството на Форс Индија е задоволно што во своите редови го има Серхио Перез и тоа сега, откако веќе помина многу километри во Ф1-болид. Според  подпретседателот на тимот, Боб Фернли, сезоната помината во Мекларен го направила зрел возач.

„Со поминатото време во Мекларен ќе ползуваме и ние и Чеко. Тој веќе ги прифатил стандардите кои ги носи работата во еден врвен тим. Мислам дека во последните шест месеци во Мекларен тој добро созреа. Се уште го има тој агресивен дух, но сега е одмерен, избалансиран во пристапот и затоа има поголеми усепси “, изјави Фернли.

Серхио Перез Чеко дојде во Мекларен како замена за ЛУис Хамилтон, откако го препорачаа трите подиуми во двете сезони како возач на Заубер. Сепак, на крајот од 2013 беше заменет во Мекларен со дебитантот Кевин Магнусен, а Форс Индија тоа го искористи и веднаш реагираше.

Најново во Авто-мото