ЈА ОСТАВА ВРАТАТА ОТВОРЕНА...

ФЕРНАНДО АЛОНСО ИЗНЕНАДИ: Се повлекувам поради недостиг на акција

Двократниот светски шампион изјави дека одлуката за повлекување од Формула 1 не ја донел поради своите лоши резултати во последно време, туку поради недостиг на вистинска акција на патеката...

објавено: 17 август 2018 - 22:30

Возачот на Мекларен пред неколку дена објави дека од наредната сезона повеќе нема да се натпреварува во Формула 1, но не ја отфрли можноста за враќање доколку се појави вистинска прилика.

Оваа сезона Шпанецот паралелно се натпреварува и во трката на издржливост, во чии рамки триумфираше на „24 часа Ле Ман", а пред трката во Силверстоун за прв пат се огласи во врска со својата одлука.

„Акцијата на патеката не е онаква каква што ја замислував и сонував кога влегов во Формула 1, или кога бев во некои други шампионати, или пробав да видам како е во изминатите сезони. Одлучив да се повлечам затоа што според мое мислење, акцијата на патеката е исклучително сиромашна. Поточно, она за што најмногу зборуваме во Формула 1 се случува надвор од патеката. Зборуваме за полемики, пораки преку радиото, а тоа е лош знак" - нагласи Алонсо.

„Тоа е исто како што акцијата на патеката била лоша, а тоа е она што го чувствувам во овој момент за Формула 1. Сметам дека некои други шампионати даваат подобра акција, повеќе радост и среќа, а тоа е она што сакам да го најдам".

Иако Алонсо признава дека реална шанса да ја освои третата титула следната година била доволно добра да го натера да остане, јасен е дека Формула 1 станала нешто што повеќе не го задоволува.

„Кога ќе погледнеме 2003, 2004 2008 2009 и 2011 година, не победував на поголем број од трките, но тогаш беше тешко да се предвиди што може да се случи на Монца, или на Спа. Сега веќе знаеме многу што ќе се случи на тие патеки. Можеме да ги предвидиме првите 15 позиции, со евентуално една или две грешки. Се е можно да се предвиди. Одиме во Барселона на зимски тестирања,и знаеме дека ќе работиме до ноември во Абу Даби, и тоа е тешко. За мене не е голем проблем затоа што сум тука 18 години, како што реков, постигнав повеќе од што можев да сонувам. Но, за младите возачи, или поинаку, е потешко затоа што се надеваат дека следната година тимот ќе направи неверојатен чекор, или дека ќе го повикаат еден или два тима. Ситуацијата стана потрешка за амбициозните возачи. За возач кој има било каква амбиција ќе биде особено тешко, посебно ако работите не се сменат".

Алонсо очекува дека плановите за следната сезона ќе ги финализира до крајот на оваа година. А во овој момент ги разгледува опциите за Индикар, но и Светскиот шампионат во издржливост со Тојота.

И покрај тоа што нема да се натпреварува во Формула 1, шпанскиот автомобилист нагласува дека враќањето во 2020 година е логично, затоа што вели дека би бил глупав ако „ја затвори таа врата".

"Верувам дека вратата ми е отворена, затоа што мислам дека возам на најдобро ниво во кариерата. И зошто би ја затворал вратата, ако во иднина може да се случи било што. И понатаму сум млад, немам 45 години. Чувствувам дека сум силен, оваа година возам 27 трки, и затоа размислувам за тоа да останам. Но кој знае..." - истакнува возачот на Мекларен.

 

Најново во Авто-мото